Каде се вонземјаните?

Во нашата галаксија има 300 милијарди ѕвезди, а во вселената има 100 милијарди галаксии. Нема да навлегуваме во пресметките колку ѕвезди се тоа вкупно, а колку планети има околу нив, но да речеме дека се доволно да се запрашаме – каде по ѓаволите се вонземјаните!?

Логички, вселената би требало да „врие“ од живот и токму таа висока статистичка можност за развиени цивилизации е основа на парадоксот на Ферми (според физичарот Енрико Ферми), кој укажува на контрадикцијата помеѓу таа можност и недостатокот од докази.

Еден од најпознатите популаризатори на науката Бил Нај, има одговор на парадоксот.

Физичарот Александар Березин од National Research University of Electronic Technology (MIET) во Русија предложи дека причината е во едно неочекувано решение на Парадоксот на Ферми.

Според Березин, кога некоја цивилизација ќе достигне ниво за меѓуѕвездено патување таа бара други цивилизации и ги уништува, исто како што ние уништуваме мравки кога градиме куќи, населби и градови.

Според тоа – штом сме сѐ уште тука – ниту една цивилизација во нашата околина не се развила до тоа ниво, а ние самите имаме потенцијал да станеме идни уништувачи.

Од друга страна, според Березин, на секоја цивилизација која ќе развие вештачка интелигенција ѝ се заканува опасноста да биде збришана, а самата ВИ може да се реплицира бесконечно додека не постигне интергалактичка доминација. Не затоа што мора, туку затоа што може.

Токму како во епизодата „Идентитет“ од серијата Орвил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *