Оливер Сакс за моќта на градините

Оливер Сакс (Oliver Sacks), британски невролог, натуралист, историчар на науката и автор, е еден од поинтересните индивидуи во светот на науката.

Според неговото биографско дело „Будење“ е снимен истоимениот драматичен филм со одличните Роберт Де Ниро и Робин Вилијамс.

Во едно друго дело на Сакс, „Човекот кој мислеше дека неговата сопруга е шапка“, се раскажува за искуствата на луѓе со визуелна агнозија, болест на која пациентите честопати не се свесни. Всушност самиот Сакс дознал дека и тој страда од варијанта на истата болест (наречена прозопагнозија, слепило за лица) додека работел со случаевите кои ги опишал во книгата.

Но, нашата денешна тема е поинаква, и се однесува на „лековитата моќ на градините“. Сакс вели:

„Во 40-те години медицинска пракса, пронајдов само два вида на нефармаколошка терапија кои се витално значајни за пациентите со хронични невролошки заболувања: музиката и градините.“

Понатаму вели:

„За мене, како писател, градините се нужни за креативниот процес, а како доктор, ги носам моите пациенти во посета на градини секогаш кога можам.“

Самиот Сакс признава дека неговиот пристап не е многу научен и дека не знае како градините ги „лекуваат“ луѓето, но кога нешто има ефект, зошто да не се применува.

Прочитајте повеќе за овој фасцинантен човек и неговите идеи (меѓу другото и за градините) тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *