Како мравките ни помагаат да изградиме подобри алгоритми

Ситните инсекти кои живеат во големи групи имаат цврст систем на организација кој се засновува на едноставни правила, како на пр: „Заштити ја кралицата по секоја цена“. Но, работите не се толку едноставни.

Точно е дека една мравка како индивидуа не е многу паметна, таа се однесува како некој автоматрон кој постојано трча некаде, се чини без одмор – и ете ја инспирацијата за приказната „Штурецот и мравката“!

Иако приказната е поучна и со неа пораснале генерации деца во уверување дека од свирење не се живее (освен ако не станете музичар), сепак од мравките можеме да научиме многу повеќе. Големите колонии на мравки се комплексен организиран систем заснован на т.н. биолошки алгоритми.

Постојат колонии кои бројат десетици, па и стотици илјади единки и сето тоа функционира совршено. Според Дебора Гордон (Deborah Gordon), начинот на кој мравките реагираат на околината што им овозможува да го урамнотежат внесот на вода, да одат по ефикасни патишта или да најдат нов извор на храна, е сосема алгоритамски.

Во тој процес мравките се способни да направат комплексни пресметки и да ја максимизираат нивната шанса за преживување во тешки услови. Тие добиваат информации од околината, ги обработуваат и одговараат на нив, но не поединечно, туку како комплексен систем – колонија.

На пример, мравките го менаџираат односот помеѓу степенот на добивање храна во однос на губењето вода и топлината на воздухот во алгоритам кој е сличен на Transmission Control Protocol (TCP), систем кој го регулира сообраќајот на податоци на интернет.

И што е уште поинтересно, проучувајќи ги мравките, ние можеме да научиме како да изградиме подобри алгоритми! Прочитајте повеќе тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *