Бродовите за крстарење загадуваат колку еден град!

Додека мештаните на Венеција протестираат заради судирот на голем брод за крстарење со туристичко бротче во кој биле повредени неколку лица и бараат забрана за овие големи бродови во Венеција, интересно е да се запрашаме за големиот облак од чад кој го оставаат овие бродови зад себе.

За време на една од епизодите на подкастот на Џо Роган ( Joe Rogan Experience), кој е еден од попопуларните американски подкасти, една од темите кои се наметнаа е загадувањето на воздухот од бродовите за крстарење. Интересниот муабет почнува околу шестата минута.

Крстарењето е голем бизнис со кој се превезуваат 26 милиони луѓе и се заработува 117 милијарди долари годишно. Тоа што го испуштаат во воздухот и водата е далеку поотровно од сите автомобили на планетата и никој не прави ништо во врска со тоа.

Џо Роган во одреден момент од подкастот вели:

Постојат места, ден-денес, каде што поминуваш и гледаш како од некоја фабрика излегува огромен чад и си велиш – на овие луѓе им е дозволено да пуштаат отров во воздухот кој го дишат бебиња!

Ќе ве оставиме со таа Цементарница… пардон, мисла.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *