НОВИ СЛУЧКИ ВО ГИМНАЗИЈАТА „БИЛ ДЕБИЛ“

Внимание: оваа вест е (можеби) лажна!

Завчера во гимназијата за амери­ка­низација на вселената “Бил Дебил”, ученикот У.С. заради мешањето на еден од професорите во неговото изразување на слободни прдежи, го изрази својот револт со испуштање атомска бомба над непро­светените жители на Јужна Камбоџа, бивша покраина Заир, сегашна Нова Куба.

Ова надарено момче беше запрашано од нашите но­винари за изборот на лока­цијата, на што тој одговори: “Тие се терористи, човече, а нивниот лидер, диктатор. Тоа го заслужуваат!”

И што да се каже по ова, ос­вен, ура, за нашата напредна младина!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *