Магичното какао

Колку и да слабеат, бледнеат, се тенчат со текот на времето и напредокот на технологијата, врските со нашите претци и древните народи се нераскинливи, особено кога нѐ поврзуваат работи коишто значат волшепство, љубов, страст, уживање…

Една таква врска негуваме со векови и тоа со древната цивилизација Maja но и со нивните претци, племињата од просторите на сегашна Централна Америка, преку најпосакувиот десерт на денешницата, чоколадото.

Маите го викале ‘xocoatl’ (горчлива вода), уживале во него во секоја пригода: на улица, со јадење, на прослави, како афродизијак… Го пиеле (било течно) ,,обичните’’, луѓето од високите слоеви а според цртежите изделкани на камените ѕидови на храмовите, било пијалок и на боговите.

Какаото, како основа за правење чоколадо, подоцна кај Ацтеките станало толку ценето што со него се тргувало, се плаќале добра, даноци, се принесувало како дар на боговите…

Наводно, за 4 зрнa какао се добивалa 1 тиква, за 10 зрна, се бирало помеѓу девојка за цела ноќ или зајак. Нејасно е, за што ги менувале десетте зрна какао, жените трговци кои не сакале зајаче???

Древниот ,,чоколаден’’ рецепт се состои од излупени, печени и ситно издробени зрна какао со додаток на чили пиперка и вода. Тогаш не ставале шеќер бидејќи не знаеле за него. Оваа течност, по неколку пати ја претурале од еден во друг сад се’ додека не се појавеле меурчиња на површината; и горко-лутиот еликсир бил готов.

Звучи толку едноставно што секојдневно може да се прави и да се пие наместо кафе, на пример.

Ако некој, сепак, претпочита чоколадо какво што го знаеме денес, може да си го направи дома, според рецептот од фотографијата или според свој рецепт.

Добрата вест е дека темното чоколадо е еден од ретките десерти што смее да се јаде (по малку) во склоп на некои диети, смеат да го јадат дијабетичари, луѓе што се придржуваат кон кето, хроно и слични режими на исхрана базирани на низок внес на јаглехидрати.

Освен што е вкусно, домашното темно чоколадо е здраво и претставува природен антиоксидант. Ова важи доколку е направено од живи зрна какао, без рафинирани шеќери, млеко, хидрогенизирани масти, конзерванси и слични додатоци коишто се присутни во купечките чоколади.

Интересни инфoрмации на линкот.


Текстот е преземен од Фејсбук групата „Еколошко, евтино, ефикасно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *