Коцка, коцка, коцкица!

За разлика од дамнешните и безгрижни времиња кога децата од балканот го поврзуваа зборот „коцка“ со геометриско тело или со познатата емисија на Бранко коцкица, сега истото значи нешто сосема поинаку.

Коцкарници, кладилници, обложувалници или Казина, наречете ги како сакате, тие се насекаде околу нас.

Јас лично повеќе сакам книжарници, отколку коцкарници… но, кој ме прашува мене, нели. Од друга страна верувам дека постојат многу луѓе како мене, проблемот е што немаат глас.

Размислете вака – книжарниците да имаа толку многу профит ќе ги имаше насекаде, нели? Според истата логика, кога кладилниците би биле во загуба заради многуте добивки на нивните клиенти и тие не би постоеле насекаде. Проста логика… но, за жал со логика не се бори против зависностите, туку со закони и регулации насочени кон доброто на сите, а не за профитот на малкумина.

Ако именката е „комар“, зарем тогаш местото не е „комарник“, мрежа во која сите ние, како комарци, сме фатени… директно или индиректно, дури и никогаш да не сте влегле во еден таков „комарник“, сепак се чувствувате заробени од нив, бидејќи тие се насекаде.

Што останува за крај, освен да се посетиме на уште една песна од едно поинакво време… „Al karta je k***a, izvin te me što psujem, jer ja samo pričam onako kako čujem.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *