Град Скопје е еден лажлив „забавен“ психопат

Текстот е преземен од издавачката платформа Medium (објавен на 29 мај).

Деновиве пиарот на град Скопје се обидува да не убеди дека „Скопје конечно добива „Нов тематски забавен парк“ иако

  1. пред 4 години беа објавени добитници на 200 000 денари за проект за Луна парк.

Исто така имавме информација дека започнал да се реновира Луна паркот по победнички проект на распишаниот конкурс, па добивме и приказни зошто ќе се вика Лунар, па рендери, цртежи свашта.

2. Пред 3 години се објави напис дека се договорило кој ќе го гради луна паркот и се започнува со работа.

3. Пред 2 години конечно започна со изградба луна парк кој требаше да е готов до 2018. Овој е сосем различен од најавениот пред 4 години и започнатиот пред 3. Може да ги споредите изгледите на тој горе и овој.

4. И вчера, нема ништо од најавените горенаведени проекти, но имаме нов пиар стант од Град Скопје, кај што помпензно ни најавува и претставува сосем нов проект (или студија не сум сигурна, иако Шилегов така равносно ја објаснува разликата. )

Имате и видео и ПДФ верзија на презентацијата и сите колективно сме во транс дека ќе имаме парк на кој цела Европа ќе ни позавиди. Ооо јадо!

Едно е вистина, дека ние во Скопје имаме најмногу и најубави забавни паркови: виртуелни и на хартија. И се разбира насекаде по нашите портали и весници желни да споделуваат вести, се шири оваа нова и прекрасна вест.

И никој не се запрашува како дојде до ова? Зошто ништо од претходното не се оствари? Како може во 4 години да имаме три посебни проекти за луна парк? И пред сè што се случи со претходните пари потрошени за проекти и склучени договори со градежни фирми?

Најжално е што цели генерации децата ни пораснаа додека го чекаме тој проклет забавен парк и секое поминување од таму треба да ги лажеме и ние нив дека ќе биде набрзо. А „Град Скопје“ ни се смее во фаца.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *