Сапун од природата

Сапунави оревчиња (Soap nuts) се исушени лушпи од soap berry – плод на дрвото Sapindus кое расте во подножјето на Хималаите (Индија, Кина, Непал…)

Во модерниот свет се сметаат за револуционерно откритие, но откриени биле многу одамна, во југоисточна Азија и со векови биле користени за перење, чистење и за лична хигиена, додека во ајурведата се користат како лек.

Image result for sapindus

Имаат карактеристики на природен и еколошки детергент поради присуството на сапонин во обвивката на плодот. Во допир со вода, активната супстанција (сапонин) се ослободува постепено и пропорционално со зголемување на температурата. Ова е важно бидејќи истите оревчиња може да се користат по 3-4 пати доколку се пере во млака или топла вода а со тоа се зголемува нивната економичност.

Откако ќе се ,,потрошат” се компостираат и се 100% биоразградливи.

Посебно се препорачуваат за перење на бебешка облека и облека на луѓе алергични на конвенционалните детергенти, за хигиена на тело и коса, за миење на овошје и зеленчук…


Текстот е преземен од Фејсбук групата „Еколошко, евтино, ефикасно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *