Спелта – „древната пченица“ заслужено се враќа на трпезите

Спелта (Triticum spelta)

Историја

Древна житарка, стара неколку илјади години п.н.е, се смета дека потекнува од Азија а преку Блискиот Исток се распространила низ цела Европа.

Записи за нејзино одгледување наводно има и во Стариот завет (Библиска пченица) и кај старите Римјани и Египќани.

Во текот на 19 и 20 век, заради хибридизација на други врсти пченица чиешто одгледување, берење и обработка било поедноставно и поевтино, спелтата полека се повлекува од употреба.

Благодарејќи на фактот што била и останала незаменлива храна за некои расни коњи, како и заради нејзиното чување во банките на гени, спелтата опстојува и се враќа во современата исхрана како исклучително здрава намирница.

Денес

Можеме да се надеваме дека помалите, локални производители успеале да ги сочуваат старите, неизменети сорти, но во големите европски институти, науката и инженерингот сигурно ,,замешале прсти’’. Како и да е, зрното, брашното и другите преработки од спелта што денес ни се достапни, се сметаат за поздрави и похранливи од пченичните, па дури и од некои други модерни и модифицирани житарки.

Related image

Својства

Има фин, сладникав вкус на јатки, изобилува со диететски влакна поради што е лесно сварлива и се препорачува за деца, повозрасни и болни лица (во некои клиники е вклучена во диеталната исхрана на лица со Алцхајмерова и Паркинсонова болест бидеќји се утврдило дека не им предизвикува дополнителни инфламаторни процеси)

Иако во помали количини од пченицата, спелтата СОДРЖИ ГЛУТЕН и не е дозволена за болни од Целијакија.

Меѓутоа, глутенот во спелтата е различен по својствата од пченичниот, се раствора во вода (дискутабилно), не предизвикува дигестивни потешкотии ни алергиски реакции. Затоа, умерено, можат да ја консумираат и добро ја поднесуваат лица со полесна интолеранција на обична пченица.

Останати позитивни својства се високата содржина на минерали: бакар, железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк, селен – неопходни за здрав имунолошки, кардиоваскуларен, мускулен, скелетен и нервен систем; содржина на витамини А, C како и витамини од B групата (посебно В1-tiamin и В3-niacin).

Во споредба со пченицата, спелтата има поголем процент на протеини и незаситени масти, а помалку јаглехидрати. Ова ја прави помаклу калорича и со понизок ГИ (гликемиски индекс) па помага во одржување на константно ниво на шеќер во крвта што е важно кај дијабетичати и за одржување на нормална телесна тежина.

Image result for spelta

Одгледување

Отпорна е на штетници и не е потребна употреба на инсектициди и пестициди што ја прави идеална за органско производство.

Како недостаток може да се смета тоа што стеблото и’ е доста високо па полегнува и е тешка за жнеење. Исто така, зрното треба да се дообработи (излупи) пред мелењето со што процесот поскапува па овие две причини, заедно со помалиот принос, биле главни спелтата да се подзаборави во корист на пченицата.

Но во регионов, Србија, Словенија… некои помали производители успешно се носат со овие „проблеми“ користејќи стари модели на комбајни и традиционален начин на мелење со воденички камења, додека познатите брендови изнаоѓаат свои методи.

Важно е дека ние како потрошувачи повторно имаме можност да уживаме во вкусот и останатите придобивки на оваа житарка.


Текстот е преземен од Фејсбук групата „Еколошко, евтино, ефикасно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *