Природна четка

Tawashi е вид четка за рибање што се користела во Јапонија пред стотици години и традиционално се изработувала од природни влакна (ориз, кокос, коноп).

Денес постојат разни форми на tawashi, од оние слични на традиционалните, до симпатични „самоделски” парчиња.

Најчесто се користат во кујна за миење садови, бришење на површини, за фаќање жешко…

За разлика од вообичаено користените сунѓерчиња коишто се направени од пластика и се гнездо на бактерии, tawashis може лесно да се исткаат од износени памучни парчиња и да се перат на висока температура.

Изработувањето е лесно забавно па може да го прави и дете.


Текстот е преземен од Фејсбук групата „Еколошко, евтино, ефикасно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *