Да и не – истовремено!?

Сите сме слушнале за бинарниот код – наводно се работи за начин на кој комуницираат машините. Бинарен е затоа што е составен од „броевите“ 1 и 0, каде што „1“ означува постоење на информација или “on” а „2“ значи недостаток на информација или „off“.

Идејата потекнува од првиот програмер во историјата, далеку пред времето на компјутерите и тој, поточно таа, се викала Ada Lovelace и соработувала со уште еден генијалец Charles Babbage кој се смета за „татко на првиот компјутер“. Иако оваа машина не била направена поради тоа што била прескапа, концептот подоцна бил искористен за сметачките машини – вклучително со т.н. „punched cards“ – основата на првите сметачи.

 [string of Jacquard cards]

Првите алгоритми кои требале да ја раководат таа машина ги направила токму Ада и заради тоа таа се смета за прв програмер – во времето кога не постоеле програмски јазици.

Интересното е што првичната намена на тие картички биле за машини за ткаење каде што различните шеми на дупчиња дозволувале да поминат (или да не поминат) различни конци и така се добивале различни шари на ткаенината. Тоа нѐ враќа на почетокот на приказната – дупката во картичката означува дека има информација, додека кога нема дупка – нема информација.

И така комуницираат компјутерите, така ги програмираме за извршување задачи. Но, што ако постојат состојби кога 1 и 0 постојат во исто време? Тука навлегуваме во сферата на чудниот квантен свет во кој работите може и да постојат и да не постојат истовремено, па и да постојат во исто време на две места… Сето тоа за светот на компјутерите значи неверојатно зголемување на моќта и можност за нова ера во информатиката во која вештачката интелигенција би имала шанси да се натпреварува со човечката, па и да ја надмине. Скајнет е на повидок!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *