Кога духовноста носи материјално богатство

Источната духовност го плени „западниот човек“ со децении – од фасцинацијата на Винсент Ван Гог со јапонскиот дрворез, преку хипи движењето во 1960-тите години, до модерните „помогни си сам“ гуруа како одличниот Алан Вотс или практичниот Тони Робис, и авторите како длабокиот Херман Хесе или длабокиот по џебови Пауло Коелјо.

Навистина, мудроста на далечниот Исток и неговата филозофија на живеењето е фасцинантна за сите нас од западниот свет. Популарноста на источната храна во форма на кинеска брза храна или напитоците како комбуха се повеќе од присутни во нашите секојдневни животи. Но, злоупотребувањето на источните принципи или симболи е исто така познато во западниот свет. На пример, Џаинизмот е заснован на принципот Ахимса, што значи „ненасилство“, а основниот симбол е овој, кој кај западниот човек има сосема поинаква конотација.

File:Jain Prateek Chihna.svg

Токму за тоа сакавме да зборуваме, за односот помеѓу почитта кон живиот свет и духовноста од една страна и материјалноста и непочитувањето кон околината од друга страна. Источната филозофија нѐ учи дека сѐ е едно, сѐ е Брахман, креативниот принцип кој лежи во сите нешта кои се неговите различни манифестации, вклучително и ние.

Во западната филозофија тоа потсетува на учењето за четирите елементи и нивните комбинации кои градат сѐ во вселената. Но, со античките Грци и нивните копии на хиндуистичката филозофија (што се согледува во филозофиите на елементите, атомизмот и слично) завршува источното влијание и западниот филозоф се насочува кон индивидуализмот и материјалното.

Ние сме индивидуи, секој од нас е посебен и врската помеѓу нас и вселената исчезнува, ние сме креатори на сопствената судбина и – во духот на Боречки клуб – „уникатни снегулки“.

Си била една таква снегулка, наречена „GT Dave“, или „комбуха милијардер“ кој од една источна нематеријалистичка филозофија на живеењето и холистички однос кон здравјето чиј дел е и пробиотскиот пијалак наречен комбуха, направил типично западно богатство и индустрија. Човекот кој се колне во источната духовност и помагање на луѓето вози Ламборгини. Чудни се патиштата духовни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *