Памук ли е, што ли е?

Администраторот на Фејсбук групата Еколошко, евтино, ефикасно! (чија цел е „помалку консумирање, намалување на користење штетни производи за нас и грижа за околината“), Снежана Василевска, има интересна објава на тема „КОЈА ОБЛЕКА Е НАЈДОБРА?

Во објавата таа се повикува на текст од списанието Глориа, според кој во современото производство на облека се користат дури 8000 различни хемикалии. Тие имаат негативно влијание на нашето тело и на околината во која живееме.

Потикнати од нејзиниот пост, избравме едно произволно „парче“ облека и ја погледнавме етикетата, на која „јасно и гласно“ пишува 100% памук.

Но, под оваа етикета има уште една скриена која открива нешто сосема ново…

Kој лаже – козата или рогот? И дали овој производител бил доволно „искрен“ да открие што се подразбира под „100% памук“ за разлика од другите?

Прашањето е што сѐ се крие во материјалот освен 92% полиестер и 8% еластан (двата синтетички материјали)… а на тоа јасно укажува текстот за кој зборува Снежана и кој вреди да се прочита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *