Рубиков робот!

Сите сме се обиделе да ја решиме Рубиковата коцка и набрзо сме сфатиле дека после една страна работите стануваат експоненцијално потешки.

За среќа, на интернет постојат многу упаства и објаснувања како да се наредат сите страни на Рубиковата коцка.

Во светот постојат натпревари за најбрзо местење на Рубикова коцка, а рекордот од 3.47 секунди моментално го држи Yusheng Du. Сепак, ненадминливиот рекорд од 0.38 секунди го поставил робот.

Најнов изум е Рубикова коцка која е воедно робот, а е програмирана со истите алгоритми за решавање како и роботските раце кои местат робукови коцки.

Иако овој робот е многу побавен, сепак е фасцинантно да се види Рубикова коцка која се мести сама од себе, независно колку пати претходно ќе ја свртите и измените. Таа ги памети вашите движења, но не ги рекреира обратно за да ја намести коцката, туку ги користи алгоритмите да најде сосема ново и оригинално решение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *