Живот. Пишување. Буковски!

Чарлс Буковски, кралот на алкохолизираната поезија, човекот кој станал познат кога бил премногу стар да се откаже од пишување, писател кој бил толку индивидуален што дури и битниците не го прифаќале за свој.

Image result for bukowski

Во ова кусо анимирано интервју Буковски нѐ опсипува со својата мудрост на живеењето, филозофијата „не обидувај се“ и цитати како:

Велат дека добро градам дијалози. Доволно сум стар и сум слушнал прилично многу разговори, и уште да не бидам добар во тоа!

Бев благословен да имам беден живот. Беден живот за да пишувам за него.

Многу писатели стануваат познати кога имаат 22, 23 години и тогаш тие стануваат дел од книжевниот свет, одат на коктел забави и ништо не им се случува. Така го пропуштаат шљамот.

Секогаш имав среќа во вработувањето. И кога имаше 10 типови во чекалната, ме бираа мене од некоја проклета причина. Конечно ја сфатив причината: мислеа дека сум глупав, премногу глупав за да крадам од нив.

Знаеш што ме интересира? Она што ќе го напишам утревечер… Тоа што е во минатото, останува таму. Ако не можеш да ја напишеш следната реченица, значи дека си мртов.“

Ако не пишувам, се чувствувам болен, станувам премногу депресивен, тоа е вентил, тоа е мојот психијатар.

Имав среќа да ме плаќаат за тоа. Би пишувал за беспари, всушност јас би им платил 10.000 долари годишно за да ми дадат да пишувам.

Работев во поштата до 50 годишна возраст. Кога ја напуштив работата еден човек рече: „Овој старец мора да е луд што напушта ваква добра работа.“ Кога излегов од зградата си помислив, по ѓаволите, можеби е во право!

Не ми беше гајле, бев подготвен да бидам питач.

Откако ќе бидам мртов и на сигурно, ќе ме откријат. Буковски! Ќе биде одвратно. Но, засега ми се допаѓа вака. Некако е тивко. Не знам што сум. Одам во бањата.

И тоа е тоа. Совршен крај на едно „буковско“ интервју.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *