Колонизација на Марсовските сателити!?

Од дамнина човекот се интересира за планетата Марс, а италијанскиот астроном Giovanni Schiaparelli прв ги нацртал т.н. „канали на Марс“. Подоцна овие канали се идентификувани како оптичка илузија, но не било потребно многу да се разгори човечката фантазија (со помош на еден друг американски астроном
Percival Lowell) и да настанат приказните како Војна на световите (The War of the Worlds, 1898) или филмовите како Invaders from Mars (1953).

Film1953-InvadersFromMars-OriginalPoster.jpg

Во втората половина на XX век луѓето биле сигурни дека колонизацијата на Марс е извесна работа во раниот XXI век, но вселенската трка имала поинакви приоритети. Денес, со напорите на приватните комании како SpaceX, ова прашање повторно се актуелизира. Но, она што е интересно и можеби не толку познато е потенцијалното колонизирање на месечините на Марс.

Фобос и Дејмос се мали неправилни светови и кај нив нема дилема дали се плоча или топка, туку дали имаат форма на компир или на некој друг зеленчук… Со новите истражувања на орбитерот Mars Odyssey и фотографиите со помош на инфрацрвената камера се испитува површината на овие природни сателити и можноста еден ден таму да се прати вселенско летало.

На месечините на Марс, особено Фобос, се гледа како на можност за градење помошни бази во колонизацијата на Марс и токму заради тоа утврдувањето на точниот состав на овие сателити е од голема важност. Па, марсовци и фобосци, подгответе се за – Земјата напаѓа!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *