Вештачки трип хоп

Trip hop беше еден од жанровите кој доминираше со музиката во 1990-тите покрај drum and bass и grunge.

Бендовите како Portishead со нивните бавни ритмови и семплови, како и сонливиот глас на Beth можеа да ве одведат на патување до најтемните и најдлабоките емотивни предели. Tricky беше мрачен и бизарен лик во приказната за Trip Hop, а неговото учество во бендот Massive Attack нѐ носи до третиот најзначаен бенд во овој жанр.

Нивниот албум Mezzanine е еден од столбовите на жанрот, хипнотички и моќен, со семплови од The Velvet Underground, Isaac Hayes или The Cure, албумот навистина беше химна на една генерација.

Massive Attack - Mezzanine.png

Еден од последните такви албуми кои ќе одбележат последна ера на големи и оригинални музички жанрови, и ќе нѐ воведат во новиот милениум кога навраќањето на претходните децении ќе стане доминантна особина на музиката и филмот.

Во тој дух, како дел од изложбата “AI: More than Human” албумот Mezzanine беше сосема преработен од страна на… вештачка интелигенција!?

„Звучи како 3Д да зборува вонземски јазик,“ коментирал Mick Grierson, професор на Универзитот за уметности во Лондон, кој го направил алгоритамот чиј производ е „ремикс“ албумот.

Да се присетиме на оригиналниот албум, додека Скајнет не ги преземал работите во сопствени (кибернетички?) раце!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *