Пчела плус!

Како во епизода од Black Mirror (сме зборувале веќе за нив, да не ви додеваме), научниците имаат создадено пчели-дронови, наречени Bee+.

Малиот четворокрилест робот тежи нешто помалку од 100 грама и е помал од еден денар. Иако по изглед повеќе наликува на комарец, сепак тие имаат две крила, додека пчелите имаат четири.

Image result for bee+

Ова му дава на малиот робот многу предности во однос на летањето, а во комбинација со малата тежина и ситните димензии, аеродинамиката и лесното производство не би било чудно наскоро да доживееме една епизода од (сепак повторно ќе ги споменеме) Black Mirror.

Или како во телевизискиот филм од 1974 Killer Bees!

Сепак, една иднина во која насекаде леткаат мали комарци со пчелини крилја кои немаат намера да ве нападнат, туку да ве шпионираат се чини сосема веројатна. Орвел нека ни е напомош!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *