1. Нашето Сонце е ѕвезда и се наоѓа во центарот на Сончевиот систем.
2. Сончевиот систем се наоѓа во галаксијата Млечниот пат.
3. Пред 100 години луѓето мислеле дека сите ѕвезди во вселената се дел од Млечниот пат.
4. Но, потоа откриле дека Млечниот пат е само една од многуте
други галаксии во вселената!
5. Нашата галаксија е стара 13.2 милијарди години.

6. Млечниот пат содржи околу 200 милијарди ѕвезди.
7. Има дијаметар од 100.000 светлосни години.
8. На Сонцето му требаат 250 милиони години за да направи 1 круг околу јадрото.
9. Во вселената има уште многу ѕвезди кои припаѓаат на други галаксии, околу 200 милијарди, а можеби и многу повеќе…
10. Невозможно е да пресметаме колку ѕвезди има во вселената, но ги има повеќе отколку што има зрна песок на планетата Земја.
- Светлосна година е растојанието кое светлината го поминува за една година.