Дистопија, роботи и смрт!

Како ви звучи „Дистопија, роботи и смрт!“, наместо „Секс, дроги и рокенрол“?

Со легализирањето на марихуаната во светот, ТХЦ и ЦБД маслата, медицинските препарати на база на канабис, популаризирањето на Ayahuasca церемониите, ДМТ триповите и ЛСД микродозирањето се чини дека светот навлегува во втора „хипи“ ера која ќе предводи кон посветла иднина.

Но, да не заборавиме дека децата на цвеќето станаа возрасни луѓе кои го предводеа светот во корпоративно ропство, опседнатост со материјалното и создадоа свет кој е толку далеку од духовноста и слободата на духот за кои се бореа, што се чини дека е негова спротивност – се чини дека се наоѓаме од другата страна на реалноста.

Дрогите ја искривуваат реалноста и создаваат перцепција за нештата кои не постојат. Свеста не би постоела кога не би ни требала. Единствено нешто од што би требало да бидеме зависни е уметноста и науката.

Кога човек се напрегнува до границите на креативната издржливост добива шанса да ѕирне низ огледалото во вистинската реалност и по враќањето од оваа страна на реалноста може да даде една уникатна слика на општеството, луѓето, природата и постоењето и да предупреди каде води современиот начин на живот.

Моќниот трејлер за новата сезона на серијата Black Mirror кажува сѐ:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *