Забавни факти за руската Кока-кола и норвешкото суши

Ви претставуваме 6 неверојатни факти кои (најверојатно) не ги знаевте од светот на храната, алуминиумските фолии, Гугл и историјата.

Дали знаевте дека, на пример, сушито со лосос е норвешко? Благодарение на еден Бјорн (а кој друг… се разбира, да бил Грк би се викал Јорго, а да бил битолчанец Менде итн.) и една група упорни Норвежани, денес во цел свет се јаде суши со лосос. Норвежаните решиле да ги убедат Јапонците дека за разлика од нивниот лосос, кој ако се јаде жив ќе ве зарази со паразити, норвешкиот е сосема безбеден. Им требале 10 години да го сторат тоа и конечно успеале во 1995 година… останатото е историја!

Сигурно знаевте дека кинеската брза храна потекнува од… Чикаго!? Кутијата која се прави од еден лист хартија и не пропушта течности е изум на еден американски дизајнер од 1894 (иако е заснована на јапонското оргигами), а подоцна истиот дизајн со цртеж од пагода е искористен за кинеската брза храна која е легендарна во кинеската, пардон, американската култура.

Последнете го следното видео и ќе дознаете од каде потекнува предизвикот со правење сфера од алуминиумска фолија, што било „Гугл“ пред Гугл, кој го измислил американското знаме и зошто во комунистичка Русија се пиела бела кока-кола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *