Магична креда

Еден од најчестите примери за т.н. „ежење“ е чкрипењето на креда на училишна табла. Една психолошка теорија вели дека стресот кој децата го преживуваат на училиште во најмала возраст е причина за поврзувањето на овој звук со непријатна сензација.

Но, постојат луѓе кои не само што го сакаат звукот на кредата, туку се емотивно врзани за пишувањето со креда на табла и зборуваат за тоа како што сликарите зборуваат за потезите на четката врз платното.

Сепак, исто така како што за сликарите постојат квалитетни и неквалитетни бои, така и за математичарите постојат креди со различен квалитет, а на врвот е т.н. Ролс-Ројс на кредите – јапонскиот бренд Хагаромо.

Погледнете повеќе за оваа необична опсесија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *