Салвадор Дали е надреалистички уметник и еден од најпрепознатливите лица од светот на уметноста покрај Пикасо, Ван Гог, Да Винчи итн.
Т.н. „deepfakes“ – се слики и видеа генерирани од вештачка интелигенција.
Но, каква е врската помеѓу овие две работи? Компјутерските научници создале „deepfake“ видео од повеќе од 1,000 часа архивски снимки со Салвадор Дали. Потоа ги преклопиле со снимка на актер со слична физиономија, а друг актер го позајмил гласот.
Интерактивната снимка со голем број на комбинации и непредвидливи реакции ги пречекува посетителите во Музејот на Дали на Флорида.
Резултатите се зачудувачки веродостојни!