Колку е голема Месечината?

Месечината на небото изгледа поголема од другите објекти затоа што е поблиску до нас. Но, колку е навистина голема?

Нејзиниот дијаметар е 3.500 километри. Ако тоа не ви значи ништо, помислете на тоа дека дијаметарот на Земјата е 12.700 км.

Релативно (пропорционално) гледано, таа е најголем природен сателит во однос на планетата околу која кружи, а споредено со другите сателити, таа е на петто место според големина. Всушност, нашата Месечина е поголема од џуџестата планета Плутон.

Но, ако е толку голема, зарем всушност не би требало да изгледа поголемо на небото? Сепак, таа се наоѓа на преголемо растојание од нас.

Да замислиме дека во иднина луѓето ќе можат да одат со автомобил на пикник на Месечината. Кога би патувале со брзина од 100 км/час би им требало шест месеци да стигнат до Месечината, бидејќи таа е одалечена 380.000 км од нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *