Инвазија на ѕвезди!

Најпознатото соѕвездие кое се споменува во многу популарни медиуми и им е познато на сите стари народи, Големата мечка, има „вонгалактички“ посетител.

Се работи за ѕвезда која припаѓа на нашиот Сончев систем, но според научниот онлајн магазин livescience.com се работи за ѕвезда која потекнува од некоја од соседните џуџести галаксии.

Таа го носи името J1124+4535 и се претпоставува дека потекнува од џуџеста галаксија која се судрила со нашата пред многу време.
Но, како научните го знаат тоа? Според т.н. „хемискиот потпис“, од спектарот на светлината се гледа дека ѕвездата има состав кој е невообичаен за ѕвезда од нашата галаксија, но е многу почест во соседните џуџести галаксии.

Млечниот пат имал бурна историја на судири со други галаксии, за што сведочи и испакнатината во центарот на галаксијата која потекнува од судир со друга издолжена галаксија пред 10 милијарди години и таму се наоѓаат едни од најстарите ѕвезди во вселената.
Во иднина не чекаат уште судири, со Големиот Магеланов облак и со галаксијата Андромеда, но тоа ќе се случи за 2-5 милијарди години.

Античкиот филозоф Хераклит навистина бил во право – Panta Rei – сè тече, сè се менува!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *