Цел свет знае за Ајнштајн, но колку луѓе знаат за неговиот син?
Ханс Алберт Ајнштајн е дете од бракот на Алберт со Милева Мариќ. Кога Ханс имал 10 години, бракот на неговите родители завршил неславно, а татко му ѝ ги дал парите од Нобеловата награда на мајка му како спогодба за разводот.
Ханс студирал на истиот факултет како и неговите родители и станал инженер и професор. Иако кога бил помал се допишувал со татко му, односите подоцна им се влошиле.
Славниот научник се противел на бракот на својот син со „обична“ и постара жена и го советувал да нема деца со неа. Но, тој не го послушал и имал три деца од тој брак.
Трагедијата во семејството на Ханс, кога изгубил две од трите деца, повторно ги зближила двајцата Ајнштајни и до смртта на славниот научник останале блиски. Ханс бил успешен во својата област и имал значајни признанија.

Крушата под круша паѓа.