Завеси кои ја чистат околината

Лондонската дизајн група ecoLogicStudio создала жива био-завеса која преработува 1 кг јаглерод-диоксид дневно, исто колку и 20 големи дрвја.
Завесите користат микро-алги кои содржат цијано-бактерии и се дизајнирани да висат на надворешноста на големи згради, како на пример трговските центри, а секоја завеса е со димензија 2х7 метри.

Единствен проблем е што 1 метар квадратен од таква завеса чини помеѓу 300 и 2.000 долари, но сепак се работи за интересен концепт кој во иднина, со намалување на цената и подобрување на технологијата, би можел да обезбеди интересна алтернатива за местата каде има големи површини покриени со згради, наместо со вегетација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *