Можеби во нашата држава не се следат светските трендови во науката или во уметноста, во образованието или во културата, но кога станува збор за модата, „барабар“ сме со Милано, Париз и Њујорк. Но, тоа не е наша вина, состојбата е иста насекаде во светот, независно од развиеноста на земјите.
Модните гиганти вредат милијарди долари, а облеката која ја продаваат во просек чини 10 долари. Како им се исплати да ја произведат, транспортираат и продаваат облеката по толку ниски цени?
Ако сакате да заработите пари можете да создадете мал број квалитетни производи и да ги продавате скапо (пример: Тесла), или да произведете многу неквалитетни производи и да ги продавате евтино, при што морате да продадете многу (пр. Мекдоналдс, Зара и сл.). Како го постигнуваат тоа модните компании?
Одговорот е лесен, со често менување на трендовите, па така старата облека не е ни износена, а веќе станува „демоде“ и потрошувачите купуваат нова и трендовска облека.
Еден ланец на продавници може да замисли, да произведе и да пласира нов тренд, заедно со менување на секој производ во асортиманот, за нецели две недели.
„Старата“ облека брзо завршува на отпад, што е проблем бидејќи таа е направена од полиестер и годишно се трошат 11 милијарди литри нафта за нејзиното производство.
Ако ве интересира повеќе за темата на „пластична облека“ прочитајте тука, а за повеќе информации околу негативното влијание на модните трендови погледнете го видеово.