Што би се случило кога Земјата би ги изгубила облаците?

„Облаците исчезнуваат!“ звучи како некоја вест од жолт печат, но дали е навистина така?

Сѐ уште не, но прво да испитаме што би се случило кога навистина би ги снемало облаците – како прво, температурата би се зголемила за 8 степени! Ако ви текнува на часовите по географија, знаете што се стратокумулуси, а за тие што не се сеќаваат, се работи за најчест вид облаци. Тие се сенка за Земјата и океаните.

Но, што е причината за исчезнувањето на облаците? Се разбира, високата концентрација на CO2. Научниците со помош на суперкомпјутерски симулации утврдиле дека со зголемување на CO2 овие облаци се понепостојани и полесно се распаѓаат.

Тоа веќе се случило. Кога? Пред 56 милиони години, кога било супер-жешко со средна годишна температура од 30 степени Целзиусови (Paleocene-Eocene Thermal Maximum).

Затоа, да си ги чуваме облаците!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *