Приказната за Gorilla Glass

Веројатно многу од вас имаат повеќе информации за т.н. горила стакло, отколку за горилите и затоа прво ќе ви кажеме неколку факти за нив.

Горилите живеат во Централна Африка и тие се вегетаријанци, но знаат и да се нагостат со инсекти, особено мравки. Имаат раце поголеми од нозете и мажјаците растат 150 см во висина и тежат до 180 килограми. Тие се 5-10 пати посилни од луѓето (под услов човекот да не држи пушка), а два пати се посилни и од лавовите. Познато е дека горилите имаат избегано од кафези така што ги виткале челичните шипки.

И така доаѓаме до т.н. горила стакло и да – тоа е силно! Составено е од керамичко-стаклен материјал наречен пирокерам (pyroceram) произведено од компанијата Corning.

Corning е компанија која постои 168 години и се занимава со производство на садови отпорни на оган и удар, како и стакло за автомобили, оптички кабли и се разбира – стакло за паметни телефони. Денес оваа компанија вреди 27 милијарди долари.

Започнала во 1851 година и нејзината приказна е исполнета со иновации, од стаклото во форма на светилки за (се разбира) светилките на Едисон, а потоа во раните 1900-ти измислиле нови начини како стаклото да се направи поцврсто и поиздржливо на температури. Нивните производи биле користени до крајот на XX-от век (иако концептот денес го користат други компании), но само затоа што тие го напуштиле производството заради други поинтересни производи. На ред дошле телевизорите, прозорците, вселенските летала, филтерите за издувни гасови итн.

Но, уште поинтересно од тоа е нивното истражување на полето на оптичките кабли, со замена на бакарот со стакло. Со тоа кабелот можел да пренесе 65,000 пати повеќе информации отколку претходно.

Image result for optic cable funny

Денес тие произведуваат производи во 108 фабрики, во 15 земји со 51,000 вработени. И тоа само заради способноста за адаптација и иновација.

Легендите велат дека компанијата добила повик од Стив Џобс за изработка на стакло за новиот iPhone кое може да издржи секакви гребаници и да биде отпорно на удар како ниедно до тогаш. И така настанал Gorilla Glass!

Во 2017 Apple објави дека ќе инвестираат 200 милиони долари во Corning. Според аналитичарите тие работат на додавање стакло на задниот дел на iPhonе за безжично полнење.

Денес, Gorilla Glass не е само дел од iPhone, туку и од сите попознати брендови на паметни телефони. Според самата компанија овој тип стакло се наоѓа на 6 милијарди уреди и претставува 12 проценти од целосниот приход.

Но, тоа не е сѐ! Погледнете го видеото ако ве интересира повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *