Според видеото подолу песната „I Feel Love“ на Donna Summer и Giorgio Moroder (ви текнува на Daft Punk?) од
1977 година го означила почетокот на електронската денс музика.
Причината е заради звуците на синтисајзер, бас линија со ефект на дилеј, специфичниот ритам и – секако вокалот на Дона Самер! Оваа песна е хипнотичка и преработувана во речиси секоја ера на електронската музика. Но, уште повеќе е интересно влијанието кое го извршила оваа песна на музиката воопшто.

Рок музиката претходно била снимана на т.н. 7 инчен сингл кој владеел со светот на џубоксите, тинејџерските грамофони и радиото. Се работело за младешки и отпорен формат кој бил доволно голем да собере три песни од по 3 и пол минути.
Овој формат популарно се вика “45-ка” и доминирал со музиката во 50-тите и 60-тите во Америка, со просечни песни од 2 и пол до 3 и пол минути.
Но, според ова видео диско музиката ги сменила работите, особено поради барањата на диско-подиумите и забавите кои се правеле кон крајот 1970-тите. Погледнете повеќе:
Ние лично сметаме дека и рок-музиката се сменила природно, а за тоа зборуваат и песните како „Child in Time“ на Deep Purple, која трае десет минути, како и многу други бавни, нединамични, епски песни кои биле популарни во 1970-тите, но секако е интересно да се слушнат различни ставови и идеи за историјата на модерната музика.
И за крај, ви ја препорачуваме книгата „3 минути и 53 секунди“ која се поигрува со истата идеја за траење на една просечна модерна песна.