Вистината за вселенскиот отпад

Денес се соочуваме со проблемот на отпадот на Земјата кој колку и да се трудиме (намалување употреба, реупотреба, рециклирање…) од ден за ден станува сѐ поголем. Таков е случајот не само на површината, туку и во орбитата на Земјата.

Секој пат кога лансираме сателит, проблемот само се влошува. Денес во орбита има околу 5.000 вештачки сателити, а како изгледа тоа можете да видите на овој сајт. А колку има моментално над вашата глава можете да проверите тука.

Познато ни е колку е тешко да се справиме со отпадот на Земјата, а тој во вселената е многу потежок за чистење и претставува опасност за повредните сателити во кои се вложени многу труд и се значајни за науката, како Меѓународната вселенска станица.

Погледнете повеќе на темата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *