Вештачката интелигенција ве пречекува!

Веројатно ви е познато дека зборот „робот“ потекнува од дело на Карел Чапек, чешки писател, и од чешкиот збор „robota“ што, секако, значи „работа“, но во значење на „служење“. Подоцна терминот „роботика“ прв го вовел генијалниот Isaac Asimov, претежно познат како СФ автор, но и воедно единствен автор кој има објавен научни текстови во сите категории на науката.

Во повеќе дела од научно-фантастичната литература и филмот „бунтот“ на роботите се случил поради тоа што што човекот се поставил кон нив како да се робови.

Но, како поинаку би можеле да ги користиме освен во наша служба, особено во овој ран стадиум на вештачка интелигенција? Со тоа се согласуваат од комапнијата Мекдоналдс, каде киосците со вештачка интелигенција имаат улога да ја предвидат нарачката на клиентот, или виртуелниот чувар од јапонската сигурносна компанија Секом кој изгледа како аниме карактер.

Иднината е на повидок!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *