Што е екофеминизам?


Шарл Фурие (Charles Fourier), утопискиот социјалист и француски филозоф, прв го употребил терминот феминизам во 1837 година. Феминизмот одиграл значајна улога во борбата за еднаквост помеѓу половите, не само за еднакви плати, правото на образование или еднакви права во брачните заедници, туку и правото на глас. Но, што е екофеминизам и колку гласот на жените може да го смени општото гледиште кон екологијата?

Екофеминизам е термин на француската феминистка Франсоаз д’Обон (Françoise d’Eaubonne) од 1974 година и означува идеја која ги преиспитува и комбинира феминистичките и еколошките ставови. Во фокусот се нарушените права на жените и уништувањето на околината, а целта е ослободување на двата поими од негативните човечки (машки или женски) влијанија.

Основната борба е на фронтот на хиерархиското размислување – тврдењето дека некои групи (луѓе) се повредни од други, што носи кон негативни влијанија кон човекот и околината.

Другата идеја е за спротивни дуализми – размислувањето дека постојат спротивности и полови во сите нешта, па затоа често зборуваме за мајката Земја која е плодоносна. Во таа смисла Земјата е буквално силувана, а животните се жртви на „мачо“ активности како ловењето.

Независно од тоа дали мислите дека се работи само за уште една форма на политичка коректност која отишла предалеку или за сериозен проблем во денешното модерно општество, сепак темата е интересна за размислување. Ако сте заинтересирани за повеќе, погледнете го видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *