Мистериозниот број што ја држи вселената како целина

Овој број е одговорен за начинот на кој се случуваат хемиските реакции и како светат ѕвездите и кога би бил само за неколку проценти поинаков, можеби и не би постоеле ниту ние, ниту универзумот… барем не во оваа форма која ни е позната.


Според генијалниот физичар и нобеловец Ричард Фејнман (Richard Feynman) се работи за бројка која им претставувала мистерија на научниците речиси еден век.

Feynmann Diagram Gluon Radiation.svg

Се работи за алфа (fine-structure constant или α) – основна константа на природата која ја одредува силата на електромагнетска интеракција помеѓу елементарните наелектризирани честички. Нејзината нумеричка вредност е 1/137 и тие бројки се закон на вселената кој владее со сѐ, од гравитацијата до однесувањето на квантните честички.

Џон Веб (John Webb), професор по астрофизика на University of New South Wales во Сиднеј објаснува повеќе во следното видео.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *