Заработете од трудот на вашите деца!?

„Заработете од трудот на вашите деца!“ е реченица која звучи грешно кога нема прашалник на крајот. Очигледно не мислат така маркетинг компаниите ширум светот, како и бројни родители кои склучуваат договор со овие компании и им ги доверуваат своите деца.

Овие деца така стануваат „трендсетер-деца“, т.н. kidfuencers кои влијаат на помладата популација при нивниот избор на игри, играчки, облека и други разни консумеристички добра без кое ниту едно дете од модерниот свет не би можело да живее.

Image result for kidfluencer

Модерното глобално општество е одамна станато остварување на кошмарите на Олдос Хаксли, па дури и повеќе од тоа. Ако порано се плашевме дека светот ќе стане како визиите на Џорџ Орвел, сега е јасно дека наместо отворен тоталитаризам и перење на мозоците, дојде нешто многу полошо – подмолна верзија на истото, затскриена зад завесите на слободата на изразување и на живеење. Се чини дека илузијата на слободата е изградена на темелите на конструирани лаги.

Маркетинг агенциите одамна ја имаат препознаено младата популација како вредна таргет група – тие се големи потрошувачи иако немаат сопствен приход, но затоа тука се тато, мама, баба, дедо итн. – а истите тие не можат да одолеат на ангелските очиња или ѓаволските закани со врескање, кршење или плачење.

Kidfuencers заработуваат и по неколку милиони долари годишно уште од најмала возраст (па дури и пред раѓање!) преку нивните YouTube канали.

Се прашуваме „во каков свет живееме!?“, бидејќи не се работи само за негативното консумеристичко влијание кое се обидува да се протне преку „невиниот“ детски интерес за најновиот производ кој го промовираат, туку и за тоа во какви индивидуи ќе пораснат овие деца и каква ќе биде нивната перцепција на светот. А на нив светот останува.

Но, Google, во чија сопственост е YouTube – најмоќниот медиум на денешнината, изгледа одамна скршнале од нивното поранешно мото “Don’t be evil”.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *