Вештачка интелигенција ќе решава дали ќе ве отпуштат!

„Отпуштен си!“ беше омилен цитат на Доналд Трамп во времето кога беше водител на реално шоу, а денес таа фраза ја користат компјутерите!

Веќе зборувавме на темата како вештачката интелигенција ќе замени голем број професионалци во иднина, но никој не претпоставуваше дека денес таа ќе решава за работните места на луѓето.

Amazon искористи вештачка интелигенција за автоматско следење и отпуштање на стотици вработени во центарот за пакување (т.н. fulfillment centers), бидејќи не успеале да ги исполнат квотите за продуктивност .

Ова звучи како цитат од научно-фантастичен филм или од хумористичната серија Silicon Valley (дело на Mike Judge, креаторот на култните Beavis and Butt-Head и Office Space).

Предупредувањата и отпуштањата се генерирани од компјутерски систем според критериуми како квалитет или продуктивност без учество на супервизори.

Прашање на време е кога овој концепт ќе се прошири и на други големи компании, а во меѓувреме додека илјадници луѓе се плашат за сопствените работни места, Jeff Bezos и понатаму е најбогатиот човек на светот со 156 милијарди долари и не планира да застане – доволно богатство да го реши проблемот со гладот, сиромаштијата, екологијата или образованието во светот. Само треба да посака!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *