Расел Бренд одбива да биде брендиран

Расел Бренд е актер, комичар, општествен активист, противник на дрогите, вегетеријанец и за некои луѓе и спиритуален водач, што може да се насети од неговиот изглед, кој домаќинот на разговорот и подкастот број 1283 (Joe Rogan Experience), Џо Роган, го проценува како „питачки изглед.“

Навистина, Расел го сврте сопствениот живот наглавечки во неколку наврати, од тинејџер зависник од дрога, до медиумска ѕвезда, познат актер и сопруг на Кејти Пери (Katy Perry) во еден многу популаризиран „телевизиски“ брак, до одметник од светот на популарноста и човек кој го презира се она што е материјално, како погубно за човечката душа.

Навистина интересен разговор помеѓу двајцата соговорници кои се навидум сосема спротивни личности. Џо е американски мачо-мен, практикант на ММА (мешани боречки вештини) и ловец со самострел, но и човек кој има многу интереси, од психоделичната култура, преку науката, до политиката и општеството и културата генерално.

Зборовните тиради на Расел некогаш се тешки за следење, но се секако интересни и интригантни за секој кој се интересира за проширувањето на свеста без употреба на забранети супстанци, на природен начин преку интензивно живеење на животот, медитација и интроспекција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *