10 интересни факти за бројот Пи

Ако се сеќавате на часовите по математика, Пи е математичка константа која се добива со поделба на обемот на кругот со неговиот дијаметар.

Еве 10 интересни факти за бројот Пи:

1) Меѓународен Пи ден е 14 март

2) Сегашниот рекорд за најмногу запаметени децимали на бројот Пи го држи Rajveer Meena од Индија (се разбира:) со 70,000 децимали за 10 часа

3) Вавилонците знаеле за бројот Пи пред 4,000 години

4) Архимед прв го пресметал бројот Пи со помош на Питагорината теорема

5) Сепак, симболот е во употреба 250 години

6) Досега се пресметани 2.7 билиони децимали на бројот Пи

7) Но, научниците дури и за најпрецизни пресметки (пример НАСА при планирање на вселенски летови на огромни растојанија – замислете за колкави кругови се работи!) користат само 15 децимални места

8) За обични математички пресметки доволни се 4 децимали

9) Постои книга напишана на „Пилишки“ јазик (Mike Keith “Not A Wake”, 2010) со тоа што бројот на буквите од зборовите во книгата одговара на бројките од децималите на Пи (3.14159 итн)

10) Бидејќи бројот Пи е бесконечен и никогаш нема да може да го пресметаме – тоа значи дека никогаш нема да пресметаме точно обем на ниту една кружница! Но, и приближното брка работа…

Погледнете повеќе:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *