Pulp Fiction од пластелин!

Секој од нас е помалку или повеќе инспириран од популарната (читај: американска) култура.

Оваа култура, се разбира како и секоја, има негативни аспекти. На пример, внатре во неа доминантни се мегаломанијата и претераниот материјализам или непризнавањето на вредностите на другите култури гледано кон надвор. Во однос на гледиштето кон луѓето постојат само две категории – или си губитник или си победник.

Но, неоспорни се плодовите на популарната американска култура кои се богати како ниедна друга на светот. Како таква, таа е инспирација за бројни креативци од целиот свет.

Стефано Колфераи е италијански уметник од Милано кој работи со пластелин (да, она што го користат децата на училиште!) и создава невообичаени, комични и надреални референци на популарната култура.

Вреди да се погледне!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *