Како изгледа кога автомобилот вози сам?

Тесла објави видео со автономен автомобил (Model 3) кој го вози човекот (во недостаток на подобар збор, бидејќи тој во случајов не е „возач“) од точка А до точка Б. Возењето е беспрекорно, со менување ленти, претекнување, сигнализирање, возење по странични патишта и препознавање на зелено светло на семафор само со помош на камера (не преку комплексниот LADAR како другите автомобили).

Но, она што е интересно во видеото не е само огромното технолошко постигнување кое стои зад еден таков потфат, туку довербата која што човекот ја има во вештачката интелигенција. Во неколку моменти ни се чини дека видовме грчење на рацете на човекот, како рефлексно движење во критични моменти и израз на потсвесната потреба да преземе контрола врз возилото.

Што мислите – дали вие би го препуштиле вашиот живот во рацете на технологијата?

Но, ако размислиме суштински, технологијата веќе раководи со поголемиот дел од нашите животи, па зошто да не и со возењето автомобили!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *