Први молекули во вселената

Јоните на хелиум-водород (Helium hydride ions) се првите и наједноставни молекули формирани во вселената и воедно претставуваат најсилна позната киселина.

Вештачки биле произведени во 1925 година, а денес, речиси 100 години потоа, за прв пат се детектирани во вселената. Астрономите знаеле дека постојат во меѓуѕвездениот простор и безуспешно ги „ловеле“ во вселената уште од 1970-тите.

Првата детекција потекнува од маглината NGC 7027 и е споделена во списанието Nature овој месец. Ова откритие е фундаментално за разбирањето на хемијата на раната вселена, поради тоа што единствените атоми формирани во нуклеосинтезата на Големата експлозија биле водород и хелиум.

Првите молекули биле формирани 100,000 години по Големата експлозија, како единствени можни во вселена која била составена од водород и хелиум.

Иако ново откриените молекули биле создадени во маглината NGC 7027 и не се остаток од раната вселена, нивното постоење потврдува дека можат да постојат надвор од лабораторија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *