Во малото крајбрежно место Byron Bay во Австралија постои еден сосема необичен воз.
Се работи за првиот електричен воз напојуван во целост од сончева енергија!
Возот е произведен по Втората светска војна во 1949 година со тело од алуминиум, а новите инженери го извадиле дизел моторот и го замениле со батерија, а на покривот додале сончеви панели.
Самата батерија е мала, колку на еден автомобил на Тесла, а таа напојува еден цел воз!
Засега возот оди 3 километри – ако не ви се пешачи до плажата, но иднината е на повидок.
Уверете се самите.