Дебата на интелектуални гиганти, Жижек и Питерсон

Дебатата помеѓу Славој Жижек и Џордан Питерсон, најочекуваниот интелектуален „бокс“ меч на денешнината конечно се случи.

Проследен од бројна публика, на лице место и онлајн, темите потенцирани од Питерсон беа идеите против политичката коректност, Комунистичкиот манифест, пролетаријатот и буржоаскиот идентитет, но и за профитот и за признавањето на Маркс дека капитализмот е ефикасен.

Жижек зборуваше за Кина како за успешен проект кој комбинира силна држава и капиталистички успех, за Доналд Трамп како последен постмодерен претседател, контра-религијата, но и за образованието и еднаквоста, Т.С. Елиот, Кјеркегор и се разбира, среќата, капитализмот и – повторно Маркс!

Да не набројуваме, темите беа бројни како и спротиставувањата и од оваа дебата можеме многу да научиме за човечката историја, култура, спротиставени идеологии и општествени уредувања, но пред сѐ за тоа во која насока идеолошки и практично се движи модерното општество денес – се разбира надвор од границите на нашата држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *