Ракета на воздух!?

Потрошувачката и ефикасноста на горивото е значајна не само за обичните возачи по разните градови во светот, туку и за градителите на ракетите кои треба да го однесат човештвото на Месечината, Марс и подалеку.

SABRE (The Synergistic Air-Breathing Rocket Engine) е ракета во развој која за гориво треба да троши кислород собран од атмосферата! Тоа значи големо намалување на тежината на ракетата, речиси половина од досегашната. Иако ракетата само делумно ќе користи ваков начин на обезбедување енергија, тоа е сепак голем напредок.

Проектот добил зелено светло од Европската вселенска агенција, па останува да видиме колку од ветеното ќе се оствари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *