Како Ајнштајн станал славен?

Пред 100 години, на 29 мај 1919 година се случило најважното затемнување на Сонцето во историјата, но зошто?

„Славен сум, па што!?“

Да тргнеме од неколку едноставни факти. Според Ајнштајн гравитацијата не е сила, туку закривување на простор-времето. Нашето Сонце, како најмасивен објект во Сончевиот систем, според тоа би требало најсилно да го закривува просторот. Токму тоа требало да се тестира пред 100 години за време на познатото затемнување.

Со проучувањето на положбата на ѕвездите зад Сонцето во мигот на затемнувањето, кога биле видливи, е откриено дека тие ѕвезди не би требало да бидат таму, т.е. привидно се „поместени“ поради ефектот на закривување на простор-времето.

И така била потврдена теоријата на релативитетот, а Ајнштајн станал синоним за научник, име препознатливо насекаде во светот, а Њутн (за кого гравитацијата била сила), паднал во заборав.

„Хм… не е баш така“

Сепак, да не заборавиме дека Њутн со векови владеел со светот на физиката и науката, и дека (и покрај потврдата за точноста на релативистичката физика, наспроти класичната) теориите и равенките на Њутн се сѐ уште валидни и се користат за пресметување на падот на јаболката од дрвјата, како и за патувања кон Месечината, Марс и подалеку!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *