Хемиско рециклирање

Рециклирањето е комплексна работа. Не се работи само за систем за селекција и почитување на истиот од граѓаните, туку и за многу повеќе.

Во видеово подолу тврдат дека поголемиот дел од пластиката воопшто не може да се рециклира од различни причини, а вистинитоста на тој факт останува да го проверите самите.

Но, тоа што е интересно е дека компанијата за која станува збор во видеото тврди дека преку т.н. хемиско рециклирање може да се рециклира секаков вид пластика, независно од тоа за каков вид пластика се работи или колку е чиста.

Причината е во тоа што тие ја разградуваат пластиката до молекуларните компоненти при што добиваат „чиста“ суровина.
Со овој метод може да се рециклира дури и стиропорот, нешто што во светот на рециклирањето беше голем проблем.

Ако оваа технологија се потврди како безбедна, тогаш на повидок е голем напредок кој може да го револуционализира рециклирањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *