Future Retro Gaming

Кој не би сакал да ги игра старите видео-игри од Commodore 64 или ZX Spectrum со нова технологија, графика и на моќните гејмерски машини!

Се разбира, правењето игри е макотрпен процес кој трае со месеци, а понекогаш и со години. Заради тоа, подобрувањето на игрите се однесува пред сѐ на помодерните игри како Metroid Prime 2 или The Elder Scrolls III и слично.

Претежно се работи за подобрувања во постоечката графика, но интересното е што наместо стотици програмери, подобрувањата ги прави вештачка интелигенција.

Програмата ESRGAN (Enhanced Super-Resolution Generative Adversarial Networks) ги анализира текстурите, ги пополнува и измазнува дупките во графиката без да го наруши оригиналниот дизајн.
И сето тоа го прави за десеттина од времето кое би им било потребно на тим програмери и дизајнери.

За ремастеризирање на постарите игри сепак ќе мора да почекаме. Со моќта на технологијата напред!… или назад!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *