Вакцинирање – заради тие кои не можат!

Со повторното актуелизирање на темата на вакцинирање интересно е да се погледне едно видео за ширењето на малите сипаници во САД, каде што по повеќе од 50 години повторно се враќаат со голем процент во последните 5 години.

Ширењето на болеста е најмногу во заедници кои негуваат традиционален и затворен однос кон светот, како еврејските, амишките и… словенските заедници.

Интересен заклучок е тоа дека за некоја вакцина да биде ефикасна потребно е голем процент на заедницата (популацијата) да биде вакциниран. На тој начин тие кои не можат да бидат вакцинирани, малите бебиња или луѓето со нарушен имун систем – ќе бидат заштитени! Тоа се вика „имунитет на стадото“.

Проценките се дека тој процент кај сипаниците изнесува 95 отсто, што значи дека секој кој може да биде вакциниран треба да се вакцинира, ако не заради себеси – тогаш заради другите кои немаат шанса на избор.

Погледнете самите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *